Османи: Играме против најдобрата екипа на Словачка, но ќе се бориме за позитивен резултат

Утре Струга ТЛ го игра првиот меч во 1. коло од квалификациите за Лигата на шампионите против Слован Братислава. Дуелот се игра во Словачка, а денеска екипата на Струга ТЛ го одржа и официјалниот тренинг. Стандарно, имаше и прес-конференција на која своите очекувања ги кажа тренерот Ќатип Османи.

Струга ТЛ во вториот настап во Лигата на шампионит се надева дека овојпат ќе има среќа, откако минатата година беше елиминиран од Жалгирис.

Тренерот Ќатип Османи го цени противникот, но ветува дека неговите играчи ќе се борат за добар резултат.

„Играме против најдобриот тим во Словачка, клуб со традиција и многу добри резултати, па максимално ја почитуваме Слован Братислава. Се обидовме да ја анализираме играта на словачкиот тим на Братислава преку пријателските натпревари кои ги имаа, па дури и последните натпревари во првенството. Свесни сме дека утре можат да бидат сосема поинакви на теренот, поради некои играчи кои ги имаа на ЕП“, – рече тренерот на Османи, и додаде:

„Имаат познати играчи поради Европското првенство, но тие играчи нема да играат утре, и тоа може да има промени во играта“, изјави Османи.

За Струга ТЛ, Османи кажа дека  е нов тренер на екипата, и дека веќе ја смени филозофијата на играта.

„Нов тренер сум во овој тим, ја презедов екипата на почетокот на сезоната. Струга ТЛ имаше добри резултати и пред моето доаѓање, и мислам дека не ми е тешко да сменам многу што се однесува до филозофијата на играта. Доведовме неколку добри засилувања, одработивме добри подготовки и мислам дека целосно подготвени влегуваме во мечот. Подготвени сме да извлечеме позитивен резултат“, изјави Османи.

Се вчитува...