Османи им порача на фудбалерите: Немојте како со Номе Калју (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Номе Калју ја измести Шкендија од колосек, од ЛШ ја премести во квалификациите за Лига Европа, а таму следен ривал е Дуделанж. Тренерот Ќатип Османи пред утрешниот меч во Скопје (17.55 часот) имаше само една порака до фудналерите – Немојте како со Номе Калју.

И ако го елиминираат Дуделанж, фудбалерите на Шкендија ќе имаат одлична можност за ’одмазда’, многу изгледно е дека повторно би играле со Номе Калју, во третото квалификациско коло од Лига Европа. Естонскиот тим е аутсајдер во двомечот со шкотскиот првак Селтик. Сепак, прво треба да се елиминира Дуделанж.

 

Се вчитува...