Стратегот на Шкендија, Ќатип Османи не го криеше задоволството од убедливата победа од 5-0 на македонскиот шампион против ТНС во првиот натпревар од почетното квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Османи потенцираше дека задачата е речиси завршена, но не смее да има опуштање и еднакво сериозно мора да се одигра и реваншот за седум дена во Велс.
„Честитки за фудбалерите за убедливата победа. Иако имавме период и на слаба игра на стартот од мечот, бевме трпеливи и отворивме речиси од првата можност. Ова е голема предност, но останува да го одиграме максимално сериозно и реваншот во Велс. Не смее да има опуштање. Задачата ќе мора да ја завршиме до крај“ – вели Ќатип Османи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА