Струга ТЛ успеа да стигне до нова шампионска титула во мак-фудбалот, а раководството на клубот сепак се реши за нова тренерска смена откако денеска и официјално беше потпишан договор со Ќатип Османи.
Овој трофеен стратег денеска го стави потписот на договорот со стружани, а заедно со него во овој клуб пристигнува и асистентот Башким Криворека. Пред Османи е сериозен предизвик, да успее да стигне до што подобар резултат во претстојните европски натпреварувања.
Oсмани по потписот изјави дека неколкудневните разговори со раководството на тимот одлучил да го прифати овој предизвик.
„По неколкудневните разговори со челниците на тимот, решив да кажам „да“ на Струга Трим Лум, екипа која веќе се докажа, особено по тие две шампионски титули. Причината поради која прифатив, морам да кажам, е пред се сериозноста на раководството кон работата, клупските амбиции и професионалност“, изјави Османи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА