Османи: Мечот против Работнички беше вистински показател на моќта на Шкендија на терен

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи не го крие задоволството од убедливата победа од 3-0 на неговиот тим против Работнички во 32. коло од Првата лига.

Шкендија од претходно веќе ја обезбеди шампионската титула за да сега, како што нагласува Османи, на терен течат подготовките за финалето од Купот на Македонија но и се реализираат еден вид „тестови“ околу изгледот на тимот за европските настапи и за следната сезона…

„Не само јас, туку верувам и сите наши навивачи сакаме да ја гледаме Шкендија како на натпреварот против Работнички. Такво квалитетно издание привлекува и навивачи на трибините. Убедливата победа сама по себе зборува, иако ако искористивме уште неколку шанси ќе беше уште поубедливо. На последните натпревари често менуваме во составот, затоа што сакаме да добиеме и појасна слика за следната сезона, како и на што може да сметаме. Но, последниот меч против Работнички ни покажува дека сме добро подготвени и за тоа што не очекува во финалето од Купот на Македонија“ – вели Ќатип Османи.

Се вчитува...