Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум со предност од 2-1 ќе патува на реваншот против ерменски Пјуник во 2. коло од квалификациите во најмладото натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.
Tренерот на стружани, Ќатип Османи по мечот изјави дека секоја предност е добредојдена во европските натпреварувања.
„Постигнавме гол во вистински момент, но и овој пат по тој постигнат брз гол како да паднавме. Ја немавме таа течна игра како во првите 15 минути. Сепак, во второто полувреме беше многу подобро. Ја променивме играта, системот, а и промената на играчите даде резултат. По 2-1 имавме уште неколку шанси, но мислам дека и среќата ни го сврте грбот. Предност е предност, макар и минимална. Остануваат уште 90 минути во кои мора да ја потврдиме оваа победа. Нема да биде лесно, свесни сме за тоа, но мора да бидеме оптимисти дека можеме да одиме понатаму“, изјави на прес-конференцијата по мечот со Пјуник, тренерот на Струга ТЛ, Ќатип Османи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА