Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи сосема очекувано повеќе од разочаран по елиминација од Номе Калју во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
„Разочарани сме. Потфрливме сите и доживаевме тежок пораз. Имавме шанси, но не реализиравме, а примивме два гола на скок игра. На овие два меча имавме игра во поле, но немаме завршен удар. Сега останува да се обидам да ја кренам мотивацијата кај фудбалерите и да ја подготвам екипата за следниот меч со Валета или со Дуделанж во второто квалификациско коло од Лигата на Европа“ – истакна Османи на прес-конференцијата по средбата со Номе Калју, и дополни:
„Товарот за поразот секако секогаш паѓа на тренерот. Не бегам од одговорноста и за овој пораз и за елиминацијата. Влеговме пресамоуверено во дуелот и тоа во фудбалот се плаќа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА