Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум го заврши својот настап сезонава во квалификациите за Лигата на шампионите откако во првото коло беше елиминиран од Слован Братислава.
Откако на првиот меч во главниот град на Словачка стружани беа поразени со 4-2, тие доживеаја и денеска пораз на „Билјанини извори“ во Охрид со 1-2.
Tренерот на стружани Ќатип Османи по мечот изјави
„Самиот влез во натпреварот беше погрешен. Поради нашиот пристап го примивме првиот гол, а потоа по нова грешка дојде и вториот гол. Ни недостигаше агресивност на овој натпревар, особено во првото полувреме, каде Слован Братислава, како и на дуелот во Словачка, беше поагресивен, статистиката не ја знам, но во двете пресметки беа убедливо подобри од нас, па затоа заслужено се во следното коло“, изјави Османи.
Во 2. коло од Конференциската лига Струга ќе игра против ерменски Пјуник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА