Стратегот на Шкендија, Ќатип Османи е задоволен од сработеното на подготовките во Словенија потенцирајќи дека „црвено-црните“ се подготвени за почетокот на летната европска авантура.
Шкендија ремизираше на сите три пријателски натпревари во подготвителната фаза, против Бад Радкерсбург, Интер Запрешиќ и Марибор, но Османи смета дека резултатите се најмалку важни, наспроти желбата тимот да го добие неопходниот ритам пред тоа што го очекува на дуелите против молдавска Дачија.
„Минавме навистина одлични подготовки под идеални услови. Тимот го достигна посакуваното ниво на игра, па верувам дека успешно ќе стартуваме на натпреварите во Лигата на Европа ова лето. Секако, сега останува финална подготовка, пред се главно тактичка, пред да дојдат натпреварите со Молдавците. Не сакам да преујдицираме околу тоа што ќе се случува на тие натпревари, но секако желбата и интенцијата на Шкендија е да остане што подолго на европската сцена“ – вели Ќатип Османи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА