Со три ремија и еден пораз од четирите тест дуели, фудбалерите на Шкупи ја завршија подготвителната фаза во Анталија. Но, без разлика на резултатите тренерот на чаирчани, Ќатип Османи вели дека е задоволен од подготовките кои го донеле очекуваниот ефект.
„Задоволен сум од ангажманот на фудбалерите. Иако имавме некои тактички потешкотии а имаме и нови фудбалери, сепак мислам дека Шкупи ќе биде подготвен за пролетниот дел од првенството низ кое ќе се бориме за врвот од табелата“ – вели Османи, и дополнува:
„Иако засилувањата пристигнаа малку предоцна во подготвителната фаза, ние се обидовме да работиме со нив и на план на физичка и тактичка подготовка. Мислам дека добро се вклопуваат. На последниот пријателски натпревар против Романците одиграа релативно добро“.
Османи нагласува дека Шкупи во вториот дел од шампионатот ќе се бори за европски излез.
„Да, целта секако е Европа, но сепак мора да бидеме внимателни затоа што од друга страна сме и блиску до опасната зона за испаѓање. Но, мислам дека Шкупи за кратко ќе ја напушти оваа позиција и ќе се бори за Европа“ – вели Ќатип Османи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

