Османи: Свесни сме дека има полуфинале на СП, но знаеме дека најверните ќе бидат со нас!

Шкендија утре од 20:15 часот на арената „Филип Втори“ го игра првиот натпревар од 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите против велшки ТНС. Во ист термин со полуфиналната пресметка на Светското првенство меѓу Франција и Белгија.

Но, од Шкендија не гледаат во тоа некој проблем затоа што, како што нагласуваат, знаат дека најверните навивачи на „црвено-црните“ и искрените љубители во домашниот фудбал ќе бидат присутни на нашиот најголем стадион.

„Свесни сме дека има полуфинале на Светско првенство во Русија, но сигурни сме дека нашите фанови ќе дојдат да навиваат за Шкендија. Знаеме дека ќе ја имаме максимална поддршка од трибините“ – вели шесфот на стручниот штаб на тетовци, Ќатип Османи.
Последниот тренинг пред дуелот денеска Шкендија ќе го има од 18:45 часот, додека ТНС официјалниот тренинг на „Филип Втори“ ќе го одработи од 19:45 часот.

Се вчитува...