Османи: Успеавме да ја реализираме нашата цел

Шкендија е во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, откако го елиминира молдавскиот Шериф Тираспол. Македонскиот првак ремизираше без голови во Молдавија, а клучен беше погодокот на Бесарт Ибраими од слободен удар за триумф од 1-0 на првиот меч во Скопје.

Тренерот Ќатип Османи е задоволен што молдавската мисија е успешно комплетирана.

„Среќни сме, успеавме да елиминираме квалитетен тим како Шериф Тираспол и ја реализиравме нашата цел. Сега не чека следен предизвик, австрискиот Салцбург, а ние можеме да играме без притисок на дуелите со овој тим. Што се однесува до мечот, ние можеби и бевме малку повеќе ориентирани на одбраната, но, сепак, имавме предност од првиот меч и успеавме да ја сочуваме. Најважно е што го продолжуваме патот во ЛШ“, изјави Ќатип Османи по елиминацијата на Шериф Тираспол.

Се вчитува...