Османи: Во Шкендија ги имав најубавите моменти во животот, нормално е да се вратам!

Ќатип Османи од денеска и официјално повторно се врати на клупата на својата Шкендија.

Тетовци под водство на Османи дојдоа до титулите во 2011, 2018 и 2019 година, па воопшто и не зачудува што се враќа на тренерската позиција во клубот за кој вели дека ги минал најубавите моменти во својот живот.

„Секогаш е посебно чувството да се биде овде во Шкендија. Шкендија е клуб во кој ги имав најубавите моменти во мојот живот, и како играч и како тренер, па затоа е нормално што се враќам во својата средина. Навистина сум среќен сум што се враќам тука. Секако знам што не очекува оваа сезона. Не чека напорна работа за да дојдеме до остварување на своите цели, но знам дека може да успееме“ – истакна Османи веднаш по промоцијата како старо-нов шеф на стручниот штаб на Шкендија.

Негови соработници на клупата ќе бидат Башким Ливорека, а тренер на голманите ќе биде Салејдин Мустафи.

Првиот натпревар со Шкендија сезонава го очекува веќе утре во дерби-пресметката против Шкупи во меч од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Се вчитува...