Стратегот на Шкендија, Ќатип Османи не ги криеше честитките за своите фудбалери по освоениот трофеј во Купот на Македонија нагласувајќи дека тимот заслужено стигна до двојната круна сезонава…
„Мислам дека наполно заслужено го освоивме пехарот и во Купот. Временските услови беа тешки, а пресуден беше првиот погодок што го постигнавме во 20. минута. Честитки за фудбалерите, стручниот штаб и сите вработени во клубот“ – рече Османи на прес-конференцијата по финалето во Купот.
Тренерот на Пелистер, Неџат Хусеин, пак, нагласи дека неговите избраници се обиделе колку можеле, но едноставно Шкендија е многу поквалитетен тим…
„Шкендија докажа дека е фаворит во ова финале. Ривалот има многу подобар и поголем фонд на фудбалери и тоа беше клучно. Ние се трудевме, но со таков фонд на фудбалери и седуммина повредени не можевме повеќе. Честитки за Шкендија“ – рече Хусеин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА