Тетовската пресметка Шкендија – Ренова е најинтересниот дуел од денешните натпревари во осминафиналето во Купот на Македонија. Ренова игра во одлична форма сезонава па ќе биде повеќе од сериозен предизвик за Шкендија која посакува четвртфинале во најмасовното домашно клупско натпреварување.
Академија Пандев на домашен терен ја пречекува Македонија ЃП, додека Шкупи е голем фаворит во пресметката со Тиквеш. Интересен дуел се очекува и во Битола каде Работнички гостува на Пелистер, како и во скопската пресметка меѓу Вардар и Скопје.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ (денеска, 14 ч.)
АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП
БРЕГАЛНИЦА – ОХРИД
БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
ШКЕНДИЈА – РЕНОВА
ШКУПИ – ТИКВЕШ
СТРУГА – БОРЕЦ
ВАРДАР – СКОПЈЕ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА