ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Македонската ракометна репрезентација од 18 часот во Вараждин ја очекува против Холандија и вториот натпревар на Светското првенство 2025.
По извонредната игра и ремито (27-27) со големиот фаворит Унгарија во првото коло, и тоа како е позитивна атмосферата во навивачкиот македонски табор кој е подготвен за нова максимална поддршка за своите миленици.
Ако се суди според расположението во македонската фан-зона во Вараждин, осмиот македонски играч – „Фалангата“ е и тоа како веќе загреана за пресметката со Холанѓаните….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА












