Македонскиот второлигаш Осогово ангажираше тројца нови фудбалери оваа зима. Нови членови на клубот се Петар Јаневски, Владимир Жоглев и Христијан Митревски.
Јаневски е 22-годишен голман кој доаѓа од екипата на Брегалница Штип. Три години има настапувано за Еуромилк ГЛ, а потекнува од школата на Вардар. Петар е и поранешен младински репрезентативец.
Жоглев е 19-годишен напаѓач кој ни пристига од Победа Валандов. Во минатото има настапувано за Маџари Солидарност.
Митревски е 20-годишен играч од одбраната кој како и Жоглев, доаѓа од Победа Валандово. Низ кариерата има настапувано за Металург, Тетекс и Локомотива.
До крајот на тековната седмица Осогово најави ангажман на уште неколку нови имиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА