Осогово и Вардар одиграа емотивен меч во Кочани во чест на жртвите од дискотеката „Пулс“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вардар славеа против ГКФ Осогово со 4-1 во пријателски натпревар одигран во чест на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.

На паузата помеѓу двете полувремиња се случи хуман гест на навивачката група „Комити“. Имено, на лицитација се продаваше дресот на Стојанче Велинов, со кој што го освои Купот на Македонија, а на крај дресот заврши кај навивачите на Вардар. Собраните средства од лицитацијата ќе одат во хуманитарни цели, а „Комити“ дресот на Велинов му го подариле на навивач на Осогово.

Во 63. минута пак мечот беше сопрен во чест на жртвите од трагедијата во „Пулс“.

Во останатите контролни натпревари денеска: битолски Пелистер загуби од Новаци со 1-2. Брегалница славеше во контролата против Каменица САСА со 3-0. Стрелци на головите за штипјани беа Калпачки, Михолов и Иванов.

Се вчитува...