Осогово, по новата раководна реорганизација, не запира и со освежувањето на играчките редови за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток.
По претходните шест нови имиња, „жолто-синиот“ табор денеска промовираше уште три нови засилувања. Нови играчи на ГФК Осогово се Драган Паунов, Павле Петров и Божидар Ангеловски.
Паунов (27 години) доаѓа од редовите на Каменица Саса и е фудбалер од офанзивниот дел од теренот. Петров(22 години) е фудбалер кој во првиот дел од сезоната настапуваше во Вардар Неготино, а игра на крилните позиции од теренот, додека 19-годишниот Ангеловски е дете на Работнички од каде и што доаѓа во Кочани. Станува збор за играч од нападот.
Како што е познато, Осогово претходно се засили и со голманот Петар Јаневски (Брегалница Штип), Владимир Жоглев (Победа Валандово), Христијан Митревски (Победа Валандово), Никола Стоиловски (Академија Пандев), Никола Костадинов (Победа Валандов) и Слаѓан Митевски (Силекс).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА