Осогово остана без тренер, Аксентиев поднесе оставка

Проблеми за новиот второлигаш Осогово пред самиот почеток на подготовките за новата сезона. Кочанскиот тим остана без тренер откако Ефтим Аксентиев се реши да поднесе оставка.

Аксентиев поднел оставка откако раководството не ги исполнило неговите барања околу обезбедување услови за добри подготовки на екипата со цел добра презетација во второлгиашката конкуренција.

Осогово обезбеди пласман во Втората лига после ждрепката, откако во баражот беше поразен од Тетекс со убедливи 6-1. Меѓутоа еден ден подоцна ждрепката сакаше тимот од Кочани да оди во второлигашката конкуренција, а новиот тренер дополнително ќе биде соопштен.

Се вчитува...