Осогово со успешен подготвителен период ја чека новата сезона во Втората лига

Осогово со успешен подготвителен период го очекува стартот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига следниот викенд.

Кочанци, низ летниот период, одиграа шест пријателски натпревари на кои забележааа три победи, две ремија и еден пораз.

Викендов успешно заврши и генералката за Осогово со победа на тест-дуелот против Беласица од 1-0. Стрелец на победничкиот гол за тимот од Кочани беше Давид Голубов во 50. минута од натпреварот.

Претходно, Осогово ги победи и Детонит (1-0) и Вардар  Неготино (2-0), ремизираше со АП Брера (1-1) и Саса (0-0) а загуби од Тетекс во Кочани со 1-2.

Во првото коло од новата сезона во ВМФЛ, Осогово следниот викенд гостува на Саса во Македонска Каменица.

Се вчитува...