Оспорен голот на Динамо Загреб: Ова е кражба – ВАР залудно постои! (ВИДЕО)

Шведската фудбалска јавност е бесна по ремито меѓу Малме и Динамо Загреб (1-1) во третото коло од Лигата на Европа.

Малме поведе со голот на Оскар Левицки во судиското продолжение во првото полувреме, но беше во подредена позиција во текот на целиот натпревар. Загрепчани доминираа на теренот, имаа 75% од поседот на топката, 21 удар кон голот, 10 корнери и пет одлични шанси.

На крајот, сепак, добија бод со голот на Кардош Варела во шестата минута од судиското продолжение.

Но, шведските медиуми тврдат дека голот на Португалецот бил нерегуларен, бидејќи претходно, асистентот на погодокот бил во недозволена позиција.

Шведските коментатори со неверување ја коментираа целата ситуација.

„Ве молам? Што се случува? Ова беше огромен офсајд! Тежок удар за Малме кој беше на работ на својата прва победа“, коментираше шведскиот новинар Хусфелт, а неговиот колега, Јенс Фјелстром, беше уште подиректен.

„Ова е чиста кражба! ВАР залудно постои!“

Еден ден подоцна, и насловните страници на шведските портали се полни со негодување.

„Малме остана без победа во судиското продолжение“, нагласувајќи дека Мунсеф Бакрар, асистентот на голот на Динамо, „е во чист офсајд“.

Се вчитува...