Поминаа точно 40 години од Зимските олимписки игри во Сараево. На место кое во тој момент беше центар на светот, сега останаа само пустелија и спомени.
Зимските олимписки игри во Сараево беа отворени на 8. февруари 1984 година на стадионот „Кошево“.
Четири децении подоцна, на планините кои го опкружуваат главниот град на Босна и Херцеговина, останаа само траги од бојното поле каде што најдобрите светски спортисти се бореа за најголемите почести во нивните кариери.
Сите се уништени за време на граѓанската војна во БиХ, а некои од нив не се реконструирани ниту до денешен ден. Имаше најави дека Сараево ќе биде кандидат за Олимписките игри во 2030 година, па планот беше да се реновираат скокалницата и нордиските патеки на Игман и патеката за боб на Требевиќ, но во средината на 2022 година беше потврдено дека тоа се само празни соништата.
На игрите во Сараево учествуваа 1.272 спортисти од 49 земји, а на нив за прв пат во историјата на Олимписките игри се појави африкански скијач Ламине Геје од Сенегал.
Во тоа време на програмата на Олимписките игри беа алпско скијање, боб и луге, хокеј и уметничко лизгање, биатлон, нордиско скијање и скијачки скокови.
Натпреварите се одржуваа во Зетра, Скендерија, Бјелашница, Јахорина, Игман и Требевиќ, а олимпиското село беше во Мојмил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА