Навивачите на Ливерпул се уште тагуваат од Јирген Клоп, иднината на дел од клучните фудбалери е неизвесна ако се знае дека Салах, Ван Дајк и Александер Арнолд имаат само уште една година од актуелните договори, но токму Салах проговори на оваа тема, јасно ставајќи до знаење дека не планира да си замине од „Енфилд“.
Египетскиот напаѓач во последните неколку сезони е најдобар стрелец на Ливерпул, минатото лето „црвените“ одбија богата понуда од Саудиска Арабија, а се најавуваше дека Салах летово ќе се пресели во оваа лига. Сепак, „фараонот“ децидно порача дека неговите планови за иднината се поврзани со Ливерпул.
„Знаеме дека во Ливерпул се ценат само трофеите и ќе направиме се што можеме за следната сезона повторно да освоиме барем еден пехар. Нашите навивачи го заслужуваат тоа, а ние играчите ќе се бориме до максимум за да го оствариме“, порача Салах преку својот инстаграм-профил.
Не се исклучува можноста Ливерпул да му понуди нов договор на својот најплатен фудбалер, за да не ризикува тој летово да остане, а потоа во 2024 без никаква отштета да си замине од „Енфилд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА