Алваро Мората ќе продолжи да го носи дресот на Атлетико Мадрид откако шпанскиот клуб се согласи да плати 55 милиони евра за да го откупи неговиот договор со Челси. Шпанецот беше договорен на позајмица до јуни 2020 година, но мадридскиот клуб побрза за што поскоро да го осигура неговиот потпис откако Диего Симеоне беше задоволен од настапите на овој голгетер во „дресот на „јорганџиите“.
Двата клуба го потврдија трансферот со кој Симеоне успева да задржи барем еден врвен напаѓач во Атлетико, по најавениот трансфер на Гризман во Барелона, како и заминувањето на Диего Коста во Кина што се најавува веќе подолго време.
Алваро Мората досега одигра 17 натпревари во ддресот на Атлетико, притоа постигнувајќи шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА