„Останувам во Киев не сум кукавица“

Тренерот на Динамо Киев, Мирчеа Луческу нема намера да ја напушти Украина. Романскиот стратег нема да се врати во својата татковина откако руската војска влезе во источниот дел на Украина.

Луческу ќе остане да живее во тренинг-центарот на Динамо иако сите спортски натпреварувања во оваа земја се суспендирани на 30 дена.

„Нема да го напуштам Киев и да се вратам во Романија. Не сум кукавица. Се надевам дека големите луѓе без мозок ќе ја сопрат оваа војна. Никогаш не помислив дека ова е можно“, изјави Луческу. 

Романскиот стратег беше во Украина и во 2014 година кога почна „граѓанската војна“, а во тој момент го водеше Шахтјор Доњецк.

Се вчитува...