Францускиот шампион ПСЖ во летниот преоден рок ќе има промени во играчкиот кадар, а некои од нив ќе бидат сериозни како заминувања на Меси, Нејмар, Рамос и Верати.
Тимот од Париз е подготвен да направи „ремонт“, со цел тимот да дојде до шампионската титула, а во француските медиуми се појави листа на можните засилувања на екипата. Листата која се појави е составена пред се од тимски играчи кои може да го исполнат сонот на навивачите, а тоа е трофеј во ЛШ.
ПСЖ сака да го задржи моќниот напад, а екипата ќе се гради околу Мбапе, кој останува да биде ударна игла во нападот. Така ова лето во Париз ќе се обидат да го донесат Виктор Осимен, како и француските репрезентативци од Бундеслигата, Муси Диаби и Рандал Коло Муани.
Наполи за Осимен бара 150 милиони евра, Муани 100 милиони, додека Диаби би можеле да го добијат за 50 милиони.
Исто така на листата на желби е и Кепрен Турам од Ница. Тој би требало да биде замената за Рамос. Замената за Рамос би требало да дојде од Наполи, и тоа во името на Ким Мин-Јае кој играше одлична сезона во тимот од Неапол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА