„Оставка на Куман ќе значи враќање на Барселона чекор наназад“

Едуард Ромеу, потпретседателот на Барселона, даде свој коментар за гласините во јавноста и можната оставка на тренерот на тимот, Роналд Куман. Тој потенцираше дека доколку Барса во овој момент остане без својот кормилар, тогаш работите значително би се влошиле, па истакна дека ваквата одлука не би била воопшто ефективна.

Претходно беше објавено дека неколку членови на бордот на директори на Барселона побарале разрешување на Куман. Минатиот месец, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ја доведе во прашање соработката со Роналд. Сегашниот договор на холандскиот тренер со Барселона е до 2022 година.

„Прашањето за Куман не беше поставено на одборот на директори. Наидовме на многу тежок противник во најлошото време. Со отпуштање на Куман, ќе направиме чекор назад. Би било нелогично“, изјави Ромеу за весникот „АС“.

За потсетување, во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите, Барселона загуби од Баерн Минхен со резултат 0-3, па тоа ги натера медиумите во Шпанија да почнат со пишувања околу можната оставка на Куман.

Се вчитува...