Југослав Тренчовски си поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на Академија Пандев, по денешното реми без голови со „фенерџијата“ Борец во 21. коло од ПМФЛ.
Веднаш по натпреварот со Борец, а по претходните два порази на стартот од пролетната сезона, Тренчовски денеска си поднел оставка, информирајќи ги фудбалерите на тимот.
„Пандевци“ во моментов се на петтото место на табелата, без победа во првите три кола од пролетниот дел. Веќе во среда ги чека и дуелот со Шкупи во 22. коло на кое ќе бидат предводени од нов тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

