Селекцијата на Саудиска Арабија, го приреди едно од најголемите изненадувања на Мундијалите, совладувајќи го составот на Аргентина во групната фаза на СП во Катар одржано на крајот од минатата година. Саудиска Арабија со пресврт успеа да го совлада големиот противник, кој подоцна се искачи на тронот како нов светски шампион. Тоа беше единствен пораз на Аргентинците на Мундијалот.
Саудијците предводени од одличниот Ерве Ренар, вчера доживеаја голем шок откако нивниот селектор се одлучи да поднесе оставка. Неговата селекција загуби од Боливија во пријателски меч, по кој Ренар се заблагодари на довербата и си замина од репрезентацијата.
Сепак, поразот од Боливија веројатно не е причината за отказот, туку нова работа. Се шпекулира дека Ренар ќе ја преземе женската А репрезентација на Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

