Оставката не е прифатена, Милан Илиевски останува тренер на Работнички

Милан Илиевски вчера поднесе оставка од местото шеф на стручен штаб на Работнички, веднаш после поразот од Вардар во Првата лига со 0-1. Меѓутоа раководството на „романтичарите“ не ја прифати, и тој останува тренер на клубот од Дебар Маало.

Првите луѓе на некогашниот шампион му пружиле целосна доверба на Илиевски и на неговите соработници, што значи дека тој и натаму ќе ја предводи екипата.

Имаше информации дека Зекирија Рамадани би можел да биде нов тренер на Работнички, исто така и Срѓан Захариевски беше во комбинација, но засега ќе нема тренерска смена и Илиевски добива целосна доверба да ги води „романтичарите“ и во следниот период.

Се вчитува...