Српскиот стратег Дејан Станковиќ останува тренер на Сампдорија до крајот на сезоната, откако неговата оставка, како што пренесуваат италијанските медиуми, не била прифатена од раководството на клубот.
Џанлука Ди Марцио објави дека двете страни имале состанок на кој решиле да ја продолжат соработката до крај на сезоната со надеж дека ќе се избори опстанок во Серија А.
Сампдорија и понатаму е со шанси за опстанок во најсилната италијанска лига. До крајот на сезоната тимот од Џенова го очекуваат дуели со Торино, Удинезе, Емполи, Милан, Сасуоло и Наполи.
Panchina #Sampdoria, #Stankovic resta alla guida dei blucerchiati: gli aggiornamentihttps://t.co/7HAx6vQGwt pic.twitter.com/bcQjHsoIyf
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) May 1, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА