Оставки во ПФМ: Зошто се опструира Поп Ацев?

Сапуницата во Пливачката Федерација на Македонија околу „случајот Поп Ацев“ продолжува, откако денеска оставка си поднесе Александар Поповски, член на Управниот Одбор на ПФМ. Челниците предводени од претседателот Александар Маленко преку соопштение објавија дека не чувствуваат вина за случајот, но очигледен е и раздорот во самото раководство за целиот случај, откако Поповски си поднесе оставка, воедно и јавно праша зошто се опструира Поп Ацев.

Соопштението на Александар Поповски го пренесуваме во целост:

Почитувани,

Јас проф. д-р Александар Поповски како досегашен член на Управниот Одбор на ПФМ на Р.Македонија имам морална обврска да ја образложам мојата оставка. Како долгогодишен спортист, спортски работник и сега како професор во спортот и спортскиот менаџмент, целиот свој живот го посветив на единственото нешто кое води до врвен спортски резултат, а тоа е ФЕР ПЛЕЈОТ. Искрено се надевав дека ќе го дадам својот придонес за развој на пливањето во Р. Македонија, но очигледно многу сум погрешил.

За што се работи ?

Се работи за неправдата која му е нанесена на нашиот пливач Евгениј Поп Ацев кој макотрпно работи веќе дваесеттина години и НИ носи само успеси, не само за себе и своето семејство; на најтрофејниот клуб во РМ – АПВК СТУДЕНТ од Скопје, и на крајот и на нашата држава.

Имено, од март месец до денешен ден на повеќе наврати раководството на ПФМ, од неразбирливи причини за мене,, го опструираат неговото учество на значајни маратонски трки, а Врв на сето тоа однесување е ненавременото пријавување за моменталното европско првенство кое се одржува во Глазгов,,,, и покрај ветувањата од нивна страна пред месец дена,,дека се е во ред и дека Евгениј ќе настапи на истото.

Моето учество во УО на ПФМ беше со цел да ваквите грешки кои беа дел од минатото да не се повторуваат и да се грижам за добробит на сите пливачи во РМ, т.е тоа беа моите очекувања, а кои во вакви услови на функционирање не сум во можност да ги реализирам.

Скопје 09-08-2018

Со Спортски поздрав
Проф. Д-р Александар Поповски

Се вчитува...