Новиот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски се приклучи на американската турнеја и засега нема постигнато гол.
Барса го одигра последниот меч во текот на минатата ноќ и славеше со 2-0 против Њујорк Ред Булс, а головите ги постигнаа Осман Дембеле и Мемфис Депај.
Шпанските новинари овој пат решија да упатат остри критики до Полскиот репрезентативец.
„Вистина е дека не се прилагоди доволно, па затоа не постигна гол, но Полјакот во овие моменти не успеа да ги оправда вложените пари за разлика од Рафиња. Левандовски не може на Бензема ниту врвките да му ги врзе“, велат новинарите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

