Остри реакции од Иран: „Фудбалерките се добредојдени дома – ништо нема да им фали“

По повикот за обезбедување заштита и евентуален азил во странство на иранските спортистки, од Иран дојде остра реакција, во која ваквите предлози се сметаат за лицемерни.

Во соопштението се наведува дека „повеќе од 165 невини ирански ученички се убиени во двоен напад со ракети „томахавк“ во градот Минаб“, со порака дека „апсурдно и лицемерно е да се зборува за „спасување“ на иранските спортистки по вакви настани“.

Пораката беше испратена и до женскиот фудбалски тим на Иран.

„Не грижете се – Иран ве чека со раширени раце. Вратете се дома“, се вели во пораката од Есмаил Багеи, портпаролот на иранското министерство за надворешни работи.

Светот е загрижен за безбедноста на иранските фудбалерки бидејќи беа наречени предавници на државната телевизија, откако протестираа на натпреварот од Азискиот куп со тоа што не ја пееја националната химна, а во време на војна, ова носи смртна казна во нивната земја!

Затоа, веќе со денови, јавноста апелира до австралиските власти да им обезбедат азил, а ова наводно е сторено за петмина фудбалерки кои го побарале, додека останатите стравуваат за безбедноста на своите семејства ако го сторат тоа.

Дури и претседателот на САД, Доналд Трамп, даде јавна изјава за тоа, а побара и реакција од сојузникот Австралија.

Се вчитува...