Анастасија Цветаноска од ПК Акваспирит од Охрид во женска и албанскиот пливач Регис Остроси од ПК Тирана од Тирана во машка конкуренција, се прогласени за најдобри пливачи на Интернационалниот ОВФ Пливачки митинг кој викендов во рамките на „Ohrid Water festival 2025“ се одржа на отворениот базен во Охрид.
Повеќе од 170 пливачи од 17 клубови од Македонија, Србија, Косово и Албанија беа дел од меѓународниот пливачки митинг, на кој Цветаноска и Остроси освоија најголем број одликувања.
Меѓу најуспешните клубови на митингот беа и ПК „3 дисциплини“ и ПК „Струга“ од Струга, како и ПК Вардар од Скопје.
„Успешно комплетиравме уште еден предизвик давајќи се од себе за промоција на нашиот град, на пливањето и спортот воопшто. Безброј насмевки, помалку разочарувања, многу позитивни вибрации и убава енергија. Честитки за сите медалисти но и за сите кои се охрабрија и зедоа учество во некои од трките. Благодарност до сите кои на било каков начин придонесоа за успешна реализација на настанот“ – соопштија на крај организаторите на интернационалниот пливачки митинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

