Островјаните со критики за Миовски: „Нема постигнато гол од 5 октомври, а сега изненадувачки ги избриша профилите од социјалните мрежи!?“ (ФОТО)

Медиумите на Островот се прашуваа каде „исечзна“ македонскиот репрезентативец Бојан Миовски по враќањето во Шкотска, овој пат во дресот на Ренџерс.

„Бојан Миовски исчезна без трага на социјалните мрежи откако ги избриша своите профили на Инстаграм и Твитер (Х). А, сето тоа доаѓа во периодот на пост во дресот на Ренџерс за кој нема постигнато гол од 5 октомври“пишува „Дејли рекорд“.

„Миовски се пресели на Иброкс за договор од 4,2 милиони фунти изминатово лето, по помалку од една година во тимот од Ла Лига, Џирона.Но, поранешниот напаѓач на Абердин – кој постигна 44 гола во 98 натпревари за тој тим, сега се мачи да ја врати формата што му донесе голем трансфер во Шпанија минатата сезона. Купен од отпуштениот менаџер Расел Мартин, враќањето на Миовски во Шкотска во август беше поздравено како голем успех од навивачите на тимот. Македонецот, кој потпиша четиригодишен договор, не постигнал гол за клубот уште од ремито 1-1 на гости против Фалкирк на 5 октомври“ – дополнува „Дејли Рекорд“.

Според англискиот медиум е чудно што токму во еден таков перид Миовски сега се одлучи да ги деактивира своите профили на социјалните мрежи.

„Официјалната страница на Миовски на Инстаграм „@miovskibojan“ сега е недостапна. Линкот можеби не функционира, или профилот можеби е отстранет. Исто и неговиот профил на X повеќе не постои. Миовски не успеа да стрела и во ремито 2-2 на Танадис во средата, каде одигра 89 минути пред да биде заменет од Тело Асгард“ – пишува „Дејли Рекорд“.

Се вчитува...