Островјаните воодушевени од Миовски: Истрча 80 метри и имаше клиничка завршница… Импресивно! (ВИДЕО)

Шкотските фудбалски аналитичари се се повеќе воодушевени од фудбалските перформанси на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој вчера донесе финале за Абердин во Лига Купот на Шкотска, по победата од 1-0 во Глазгов на „Хемпден парк“ со неговиот извонреден погодок над Хиберниан.

Вистински воодушевувачки е кога ќе се погледне како во финишот на средбата, Миовски истрчува 80 метри од пред својот гол па се до противничкиот шеснаесетник, и на крај со максимална концентрација демонстрира клиничка прецизност за погодок.

„Единствената разлика на мечот меѓу двата тима беше Бојан Миовски. Тој дојде во Абердин и на вистински начин го покажува сиот свој потенцијал. Во финиш на средбата да покажеш еден таков трк и моќ во нозете, а потоа да имаш таква клиничка прецизност во завршница на акција по 80 истрчани метри е навистина неверојатно“ – вели за „Би-би-си“, поранешниот шкотски репрезентативец Џон Колинс.

А, според деталната статистика на Шкотите, процентот на реализација на Миовски во Абердин оваа сезона е 17,4%, што е навистина извонредно. Ако се знае дека Абердин без него има само 12,3% реализација.

„Миовски е напаѓач каков ретко Абердин имал досега имал. Тој е со неверојатен допринос за тимот. И не само со головите“ – вели и легендата на Абердин, Вили Милер.

Се вчитува...