Заврши квалификацискиот циклус за СП 2026 што донесе неколку изненадувања, но и неверојатно позитивни резултати за селекциите од „островот“. Имено, за првпат во историјата сите пет селекции (Англија, Република Ирска, Северна Ирска, Велс и Шкотска) се со обезбедена мундијалска виза, или се дел од баражот за пласман на СП 2026.
Англичаните ги одиграа најдобрите мудијалски квалификации во историјата, не само што имаа осум победи а осум меча, туку и не примија ниту еден единствен гол во овој циклус.
Шкотска по 28 години пауза повторно е дел од еден мундијал, освојувајќи го првото место во групата пред Данска, Словенија и Шведска, и тоа со два гола во судиското продолжение во трилер-дуелот со Данците во Глазгов.
Република Ирска исто така се радуваше во судиското продолжение, со голот на Перот стигна до победа на гостувањето во Унгарија, за второ место и пласман во баражот.
Второпласирани во својата група беа и Велшаните, по синоќешата победа над Македонија во Кардиф, додека Северна Ирска билетот за баражот го освои преку Лигата на Нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

