Динамо Загреб со победата од 3-0 над Тотенхем сензационално се пласираше во четвртфиналето од Лигата на Европа.
Три гола за Динамо постигна Мислав Оршиќ, предизвикувајќи делириум меѓу соиграчите, сите навивачи на Динамо, но и цел Загреб.
Во синоќешното славје во соблекувалната на „Максимир“ учествуваше и осудениот поранешен тренер на Динамо, Зоран Мамиќ кој се појави меѓу своите играчи.
Динамо, како што е познато, два дена пред историскиот натпревар остана без тренерот Зоран Мамиќ откако Врховниот суд на Хрватска му ја потврди пресудата за затворска казна од четири години и осум месеци. Неговиот брат Здравко Мамиќ е осуден на шест и пол години, а Дамир Врбановиќ доби затворска казна од три години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА