Осум гола во прво, па „нула“ во второ полувреме (ВИДЕО)

Унион Берлин и Штутгарт одиграа без победник 4-4 во неверојатен натпревар (поточно прво полувреме) во 30. коло во германската Бундеслига.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Илиќ во 5. минута. На 0-2 зголеми Леите во 19. минута. Гостите преку Ундав во 23. и Милот во 29. минута израмнија на 2-2.

Ново водство за Унион Берлин (3-2) донесе Керфелд во 39. минута, додека на 3-3 израмни Шабо во 43. минута. Водство од 3-4 за Штутгарт донесе Фухрих во првата минута од судиското надополнување. И тоа не беше се во првото полувреме Унион стигна до ново израмнување (4-4) со вториот гол на Илиќ во шестата минута од судиското продолжение.

Во вториот дел мируваа мрежите па на крајот двата тима си поделија по еден бод.

Union Berlin 3-[4] Stuttgart – Chris Fuhrich 45'+1'
byu/Meladroitdetrela insoccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...