Бразилскиот репрезентативец Оскар е казнет со осум натпревари неиграње поради иницирање на масовна тепачка на натпреварот меѓу Шангај СИПГ и Гвангжу РФ. Тој намерно шутираше силно со топката во двајца противнички фудбалери, по што следеше бесна реакција од ривалскиот тим. Во масовната тепачка Оскар остана да лежи на тревата и не беше санкциониран од судијата кои во меѓувреме покажа два црвени картони, но Дисциплинската Комисија при кинеската лига се реши жестоко да ја казни фудбалската мегаѕвезда.
Пред донесувањето на казната Кинезите се консултираа со претставници на ФИФА, за денеска и официјално да биде објавено дека Оскар нема да може да настапува на следните осум натпревари на својата екипа. Ова би значело дека Бразилецот ќе паузира до 13 август, а згора на тоа ќе плати и 5.000 долари, што е смешна сума со оглед на фактот дека неговата месечна плата во Шангај СИПГ изнесува околу 2,5 милиони долари.
Оскар досега одигра 21 натпревар за Шангај СИПГ, притоа постигнувајќи четири гола и десет асистенции.
Погледнете ја масовната тепачка што Бразиелцот ја предизвика на натпреварот со Гвангжи РФ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА