Димитриевски е трет најплатен фудбалер во Рајо, осум од десетте најплатени играчи во Ла Лига се од Реал Мадрид и Барса

Неславното засилување на Реал Мадрид, Еден Азар ќе биде најплатениот фудбалер во Ла Лига за сезоната 2022/23, пренесува Capologyja. Белгиецот кој пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од Челси во 2019 година ќе заработува 15 милиони евра нето плата што е за 3 милиони повеќе од Словенецот Јан Облак.

Голманот на Атлетико Мадрид заработува 12 милиони евра по сезона, односно половина милион повеќе од напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема (11.5 милиони евра). По него следат соиграчот на Французинот, Давид Алаба со 10.8 милиони евра по сезона, фудбалерот на Барселона Серхио Бускетс со 10.5 милиони евра, исто колку што заработува и Тони Крос.

Плата од по 10 милиони евра имаат Антоан Гризман, Винициус Џуниор и Жорди Алба, а „Топ 10“ листата ја затвора храватскиот репрезентативец Лука Модриќ со 9.4 милиони евра.

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски кој ќе биде нашиот единствен претставник во „елитата“ на шпанскиот фудбал следната сезона ќе заработува 340 илјади евра со што е третиот најплатен фудбалер на Рајо Валекано по Фалкао и Алваро Гарсија.

Се вчитува...