Утрово точно во 10 часот во Свети Наум стартуваше 35-то издание на Охридскиот пливачки маратон на кое учествуваат осум пливачи од Италија, Аргентина, Словенија, Косово и Македонија.
Седум пливачи и една пливачка утрово ја бранат традицијата на најпрепознатливата македонска спортска манифестација.
Во категоријата мажи честа на Македонија ја бранат Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, а учествуваат уште Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единтвената девојка на годинашното маратонско издание е Аргентинката Рита Ванеса Гарсија.
Маратонот го следи и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски кој беше на стартот во Свети Наум.
Стартот на маратонот го означи градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од Св. Наум во точно 10 часот. Маратонците пливаат на патеката „Климе Савин“ до охридското пристаниште во должина од 25 километри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА