Осумнаесетгодишниот син на Леброн Џејмс доживеал срцев удар на тренинг

Леброн Џејмс Џуниор, познат како Брони Џејмс доживеал срцев удар на тренинг на неговиот универзитетски кошаркарски тим, пренесуваат американските медиуми.

Осумнаесетгодишникот е пренесен во болница каде се наоѓа во стабилна состојба по укажаната лекарска помош.

„Вчера за време на тренинг Брони Џејмс доживеа срцев удар. Медицинската служба му укажа помош и го пренесе во болница каде сега е стабилен и повеќе не се наоѓа на одделението за интензивна нега. Ве молиме за почит и заштата на приватноста на семејството Џејмс. За сите дополнителни информации ќе ги известиме медиумите кога тоа ќе биде потребно.

Леброн и Савана сакаат јавно да ја изразат својата благодарност до медицинскиот и спортскиот персонал на Универзитетот Јужна Каролина за нивната неверојатна посветеност за здравјето на нивните спортисти“, стои во соопштението на семејството Џејмс.

Се вчитува...