Освежување за вистинските навивачи со Gorenje: Започнува фудбалската треска на FIFA Club World Cup 2025

По успешната соработка со UEFA EURO 2024™,  Gorenje продолжува да го следи ритамот на големите фудбалски турнири и станува официјален партнер на FIFA Club World Cup 2025™. Како бренд, Gorenje верува во моќта на спортот да ги поврзува луѓето, да ги разбудува страстите и да создава незаборавни моменти, а и овој пат, гордо сака да биде дел од атмосферата што ќе го придружува овој престижен турнир.

Фудбалот го поврзува светот – Gorenje го поддржува навивањето

Првото издание на FIFA Club World Cup во нов формат започна оваа недела и ќе трае до 13 јули 2025 година во Соединетите Американски Држави. Таму, 32 екипи ќе се борат за освојување на нов, престижен трофеј. Оваа година, Gorenje гордо станува официјален партнер на овој голем спортски настан што го слави спортот и носи многу возбудливи моменти. Тоа е бренд што ја разбира вистинската спортска атмосфера, но и секојдневните потреби на домаќинствата.

Без разлика дали станува збор за топли летни денови, семејно собирање или вечерен натпревар со пријатели, Gorenje апаратите се тука за да ги разладат емоциите и да го олеснат секој момент. Оваа компанија со децении постоење е препознатлива по својот акцент на квалитет, напредна технологија и грижа за одржлив развој.

Паметна технологија за подобро навивање

Водечкиот принцип на брендот е едноставноста на животот, па затоа го насочува својот бизнис кон тоа да ги олесни сите важни моменти, како што е гледањето фудбал. Фрижидерите од најновата генерација ја зачувуваат свежината на храната и температурата на пијалоците – со исклучителна енергетска ефикасност. AdaptTech технологијата, инвертер моторот и NoFrost системот обезбедуваат идеална температура и долготрајна свежина, а вградните и самостојните фрижидери зрачат со функционалност и дизајн што се вклопува во секој дом.

Неопходен дел од секој фрижидер за време на фудбалската треска во текот на летните денови е ледоматот, кој е тука за да се осигура дека секој пијалок е ладен. Со помош на паметен систем, овие апарати ја одржуваат идеалната температура со цел да ја зачуваат свежината и хранливите материи на храната подолго време. Ова ги прави совршена мешавина од паметна технологија и минималистички дизајн, прилагодени на модерниот живот.

Со извонредниот тим за ладење на Gorenje, навивачите можат да ја насочат целата своја енергија кон она што е најважно за време на спортските настани – уживајќи во страсно навивање и возбудливи моменти од натпреварите со семејството и пријателите.

Специјални понуди за најстрасните навивачи

Во времетраењето на турнирот, Gorenje подготви и специјални промоции и попусти на фрижидери, така што секој дом е подготвен за навивачка треска. Ова е идеална можност навивачите да го освежат својот тим на домашни апарати и да уживаат во FIFA Club World Cup 2025™   без двоумење.

Gorenje и спортот – споделени вредности што инспирираат

Со години, Gorenje ги поддржува најважните спортски настани како што се EHF EURO 2024, Machineseeker EHF Championship League и UEFA EURO 2024. Покрај тоа, ќе ја продолжи својата долгорочна соработка со Ракометната федерација на Словенија, клубот Gorenje Velenje и скијачкиот тим.

Спортот, исто како и Gorenje, поттикнува страст, посветеност, иновација и тимски дух. Затоа, соработката со FIFA Club World Cup 2025™ не е само логичен чекор, туку и вистинско славење на вредностите што ги споделуваат со милиони фанови низ целиот свет.

Се вчитува...