Освои медал на ЗОИ па се исповеда пред целиот свет: Ја изневерив љубовта на мојот живот и се каам

Се случи еден од најбизарните моменти на Зимските олимписки игри во Италија, а воедно и едно од најбизарните интервјуа на еден спортист по освојувањето на медал на најголемото спортско натпреварување на планетата.

Неколку моменти по освојувањето на бронзениот медал во биатлонот, Норвежанецот Стурла Холм Легрејд призна во живо на телевизија дека ја изневерил својата девојка и дека сега искрено се кае за тоа и би направил сè за да ја врати.

28-годишникот, кој го освои својот прв олимписки медал во поединечното натпреварување во биатлон во трката на 20 километри, рече дека пред шест месеци ја пронашол љубовта на својот живот, но три месеци подоцна ја изневерил.

„Има нешто што би сакал да го споделам, за некого кого можеби дури и не го гледа ова. Пред шест месеци ја запознав љубовта на мојот живот – најубавата и најтопла личност на светот. Пред три месеци ја направив најголемата грешка и ја изневерив. Само со тоа што ја запознав веќе освоив златен медал, и сигурен сум дека има многу луѓе кои ги гледаат работите поинаку, но јас имам очи само за неа. Да, би сакал да го споделам ова со неа. Во последните неколку дена не ми беше до спорт. Единствен начин да се реши и да ѝ кажам се и да ставам на маса, со надеж дека ќе ми прости и ќе продолжи да ме сака. Се исповедав за неа и за целиот свет. Немам што да изгубам“, изјави Легрејд.

Се вчитува...