Освои се што можеше да се освои, па доби отказ!

Бразилскиот Фламенго го отпушти талентираниот тренер Фелипе Луис. Оваа вест немаше да има некаков прекумерен одек во светот на фудбалот доколку одлуката за негово отпуштање не беше донесена само неколку часа по победата од 8-0!

Фламенго го победи Мадуреира и се пласираше во финалето на првенството Кариока, локалното првенство на државата Рио де Жанеиро. Бразилскиот клуб му се заблагодари на својот поранешен играч и тренер кој си заминува со импресивни успеси во последните неколку години.

Луис го предводеше Фламенго до Копа Бразил 2024, а минатата година го освои првенството Кариока, Бразилското првенство и Копа Либертадорес.

Се вчитува...