Брера продолжува со активностите за формирање на квалитетен играчки ростер под водство на новиот тренер Горазд Михајлов. Струмичани вчера го комплетираа камбекот на дефанзивецот Манев, а од денеска нов член на овој прволигаш е и Абдул Руатубјаје.
Тој веќе има искуство во мак-фудбалот бидејќи пред три години стигна до титулата како член на Шкупи во 2021 година. Тој беше член на тимот од Чаир и на стартот од сезонава, неодамна го раскина договорот со оваа екипа, за денеска и официјално да потпише договор со АП Брера.
„Абдул Руатубјаје од Руанда кој играше за Шкупи е новото име во нашите редови. Тој по раскинување на соработката со скопскиот прволигаш дојде во Струмица и веќе се приклучи на првиот тим предводен од стратегот Горазд Михаилов. Станува збор за искусен дефанзивен фудбалер кој во Македонија дојде во јануари 2021 година и беше дел од шампионскиот состав на Шкупи. Се врати во Руанда каде играше за Рајон Спортс а од февруари беше повторно дел од Шкупи за кој ги одигра и првите четри натпревари од новото првенство. Руатубјаје во својата кариера три сезони беше и во неколку клубови во САД и седум години во својата држава. Тој е репрезентативец на Руанда за која има 33 настапи и постигнато три голови“, објави Брера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА