Легендарниот Џорџ Бест е еден од најконтроверзните врвни фудбалери на сите времиња. Човекот кој ја освои Златната топка, човекот кој веројатно и самиот не знае со колку жени беше во животот а зад него остави само едно признаено дете и човекот чиј најголем порок беше алкохолот кој на крајот го чинеше и живот.
Роден е во Белфаст во 1946 година, а почина во 2005 година по запаление на белите дробови. Неколку дена пред смртта закупи оглас во англиските весници со неговата фотографија од кревет и симболична порака: „Немој да умрете како јас!“
Бест, без сомнение, беше еден од најдобрите фудбалери во историјата. Светската слава ја стекна играјќи за Манчестер јунајтед со кого стигна и до Златната топка. А, поради шармот и изгледот беше и прва ѕвезда на британските таблоиди. Но, неговиот екстравагантен живот и бројните пороци го донесоа до сериозни проблеми.
„Трошев многу пари на автомобили, жени и алкохол. А остатокот од парите само така го потрошив без цел“ – се зборови со кои на совршен начин си го опишуваше својот живот.
Целиот живот Бест беше опседнат со алкохолот, а во 1981 година поради финансиски проблеми дури и ограби една жена за да дојде до пари. Сето тоа дојде до наплата кога влезе во шестата деценија од животот, па за време на трансплантацијата на црниот дроб за малку и почина во 2002 година.
Но, и покрај тоа продолжи да пие и понатаму, за да последните денови од животот ги мине во Лондон. Најпрво доби инфекција на бубрегот, потоа следеше запаление на белите дробови па откажување на бројни органи и почина во ноември 2005 година. На неговиот погреб во Белфаст имаше повеќе од 100.000 луѓе што доволно кажува за каква фудбалска големина се работи.
Во својот живот имаше еден син, сега 42-годишниот Калум Бест кој е тв-личност. Наводно, добил и две ќерки но никогаш не ги признал за свои. Од својата последна сопруга, Алекс Пурсеј се разведе во 2004 година по обвиненијата за семејно насилство.
Но, иако важеше за наводен „мачо-мен“, се чини дека во кревет не беше така добар. Тој мина со голем број жени, но поголемиот дел од нив, меѓу кои и Сузан Џорџ, нагласуваа дека во кревет воопшто не е добар, а со него се главно поради парите.
Без оглед на се, засекогаш ќе се зборува за фудбалските мајстории и Џорџ Бест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА